Дали се нормални во Рим: Организаторите поради Федерер ги зголемија цените и тоа – двојно!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Организаторите на турнирот во Рим претераа со својата последна одлука, откако дознаа дека Роџер Федерер ќе настапи на натпреварувањето, па решија да ги зголемат двојно цените.

Одлуката на управата на Мастерсот во Рим да ги зголемат цените предизвика голема бура во медиумите и реакции на голем дел тенисери, кои сметаат дека тој потег предизвикува непочит.

На ваквата одлука реагираше и најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ.

„Првпат слушам за вакво нешто. Сигурно Федерер е најголемо име, некој кој освоил најмногу титули, иако никогаш не бил шампион во Рим. Тој е светска легенда и со самото тоа можам да ја разберам одлуката“, вели Србинот.

Додека од друга страна Федерер не беше задоволен поради одлуката на организаторите.