Дали ВАР му помага на Јувентус? Де Лихт го погоди топка во рака, но немаше пенал за Болоња! (ВИДЕО)

Болоња одигра многу добар меч против Јувентус во Торино, но на крајот на мечот загуби со 1-2, иако можеше да биде различен исходот на мечот.

Во центар на внимание е еден момент од казнениот простор на „бјанконерите“, кадешто топката го погоди во рака Матијас де Лихт.

По консултација со ВАР-собата, судијата Масимилијано Ирати не ја прегледа снимката и притоа не досуди пенал за гостите.

По мечот следуваа многу критики на сметка на судиите, како и обвинувања дека му помогнале на Јувентус.

На снимката јасно се гледа дека холандскиот дефанзивец немаше намера да игра со рака, но во секој случај критиките постојат од фановите.