Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот селектор Златко Далиќ пред две години ги однесе Хрватите до сребрениот медал на Светското првенство во 2018 година, а денеска им честиташе на македонските фудбалери за пласман на Европското првенство (ЕП).
Далиќ кажа дека е добро тоа што Македонија се пласираше на ЕП, а исто така се израдува и на тоа што Шкотска и Унгарија како домаќини се пласирале на натпреварувањето.
„Сакам да ѝ честитам на Македонија големиот успех. Исто така е добро што Унгарија и Шкотска како домаќини ќе играат на ЕП“, кажа Далиќ.