Далиќ: Аргентина не е ништо подобра од нас, ние сме блиску до златото!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватските фудбалери вчера имаа спектакуларен пречек во Загреб откако на Мундијалот во Катар го освоија третото место со победата над Мароко.

Хрватите веќе два Мундијали по ред играат на врвно ниво, па пред четири години беа втори, а сега трети, но селекторот Златко Далиќ смета дека може да го освојат и златниот медал.

„Не очекувавме толку многу луѓе да нè пречекаат. Заедништво, љубов, благодарение на фудбалерите. Сакам да продолжиме вака, очигледно ова нè обединува. Ова не може да се купи со пари. Како што кажав и во 2018 година, ова беше тешко да се повтори. Меѓутоа, жал ми е што не сме први затоа што Аргентина не е ништо подобра од нас. Ние сме блиску до златото“, кажа Далиќ.