Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватска денеска ќе се бори против Јапонија за место во четвртфинале на Светското првенство (СП) во Катар, но тренерот Златко Далиќ се соочува со проблеми.
Далиќ не може да смета на бекот Борна Соса кој е болен и има зголемена температура, па нема да настапи против Јапонија.
„Не може да играме со фудбалер кој не е подотвен за предизвикот. Ни требаат фудбалери кои може да истрчаат километри како против Белгија и Канада. Тука е Борна Баришиќ за да го замени“, кажа Далиќ.
Дуелот меѓу Хрватска и Јапонија е закажан за денеска од 16 часот.