Дамјан Шишковски потпишува нов договор со Борац Бања Лука


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Искусниот голман Дамјан Шишковски минатото лето пристигна во Борац и изгледа дека ги оправда очекувањата, бидејќи се очекува наскоро да го продолжи договорот со овој клуб.

Голманот од Македонија пристигна во Борац пред почетокот на сезоната откако помина полусезона во ерменскиот Арарат.

Неофицијално, босанските медиуми дознаваат дека Шишковски и Борац се договориле за продолжување на соработката и дека договорот наскоро ќе биде потпишан и остава само официјалната потврда дека овој голман останува во клубот од Бања Лука.

Фото: Принтскрин