Дани Алвес минатата година беше во затвор – сега е проповедник (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Дани Алвес (42), еден од најтрофејните фудбалери во историјата, поранешна ѕвезда на Севиља, Барселона, Јувентус, ПСЖ и бразилската репрезентација, беше уапсен во јануари 2023 година во Барселона откако девојка го обвини дека ја принудил на полов однос во тоалетот на ноќен клуб, месец дена порано.

Во февруари минатата година, Дани Алвес беше неправосилно прогласен за виновен за силување и беше осуден на четири и пол години затвор и обврска за плаќање 150 илјади евра оштета на жртвата. По изрекувањето на пресудата, Барселона го отстрани од делот на клубската страница под името Легенди. Сепак, неколку дена подоцна, клубот го поврати таму.

Кон крајот на март минатата година, Алвес беше пуштен од затвор со кауција од милион евра. Мораше да ги предаде своите шпански и бразилски пасоши на полицијата, со што му беше оневозможено да ја напушти Шпанија. Во март оваа година, второстепениот суд ја укина пресудата дека Алвес е виновен поради “недостаток на веродостојност на сведочењето на тужителката и недоследности во претходната пресуда”.

Потоа, шпанското Државно обвинителство поднесе жалба до Врховниот суд на поништувањето на пресудата за силување на Дани Алвес, но сега тој е слободен човек. Откако помина една година во затвор обвинет за сексуален напад, Алвес води сосема поинаков живот, далеку од медиумите и професионалниот фудбал.