Дани Себаљос со специјално барање до Реал Мадрид: Бара итно да биде…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Арсенал, Дани Себаљос бара од Реал Мадрид да му биде прекината позајмицата во тимот од клубот од Премиер лигата.

Себаљос пристигна како големо засилување за Унаи Емери, но по смената на шпанскиот тренер тој не добива многу шанса од Микел Артета.

Според медиумите во Шпанија, Себаљос сака да се врати во Мадрид и во јануари да пронајде нов клуб во кој ќе игра почесто со што би си обезбедил место во составот на Луис Енрике за Европското првенство во 2020 година.