Даниел Џејмс и официјално нов играч на Манчестер Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот брзоног фудбалер, Даниел Џејмс е првото засилување на Оле Гунар Солскјер во неговата тренерска ера во Манчестер Јунајтед.

Џејмс денеска и официјално беше презентиран, а во јавноста излегоа и сите детали околу неговиот договор.

Велшкиот репрезентативец со Манчестер Јунајтед потпиша петгодишен договор кој може да се продолжи на уште една дополнителна сезона.

„Ова е еден од најдобрите денови во мојот живот, предизвик кој со нетрпение го очекувам. Премиер лигата е најдобрата лига во светот, а Манчестер Јунајтед е перфектно место за мене за да се развивам како играч.

Ова е неверојатно горд момент за мене и моето семејство кој е обоен со голема тага затоа што татко ми не е во можност да го сподели ова искуство со нас. Со нетрпение очекувам да работам со Оле, да се сретнам со тимот и да започнам во овој прекрасен клуб“ –Даниел Џејмс