Даниел Леви го предупреди Мурињо: Ако нема Лига на шампиони, ќе нема…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви му кажал на Мурињо дека нема да обезбеди голем буџет за трансфери доколку клубот не се пласира во Лигата на шампионите.

Жозе Мурињо ќе има пеколно тешка задача да го однесе неговиот тим во Лигата на шампионите со оглед на фактот што Тотенхем се соочува со голема криза со повредени играчи.

Тотенхем веројатно нема да прави големи измени во следниот преоден рок, а тоа може да значи и крај на амбициите на нивниот капитен Хари Кејн кој ќе побара да си замине во друг клуб каде би можел да освои некој трофеј.