Даниел Рикиардо доживеал сообраќајна несреќа!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Според повеќе медиуми како PlanetF1, поранешниот возач на Формула 1 Даниел Рикардо доживеал сообраќајна несреќа возејќи го својот мотор во Квинсленд, Австралија.

Овој осумкратен победник на Гран При возел мотор во северниот дел на Квинсленд кога се одвоил од патеката во текот на четвртокот.

За среќа, Рикардо не е во животна опасност, но е префрлен во болница за медицинска нега. Како што пренесуваат споменатите медиуми, екс возачот на Red Bull, Renault и McLaren претрпел повреда на клучната коска, но деталите околу инцидентот сѐ уште не се познати.

Според известувањата, Австралиецот се лечи во болницата Мосман, која се наоѓа во истото подрачје каде што се случил инцидентот.

И покрај тоа што детали за самата несреќа сѐ уште не се достапни, од болницата информираа дека Рикардо бил расположен за време на третманот на повредата.

Осумкратниот победник на Формула 1 се врати во Австралија, каде што во понеделник учествувал на конференција за недвижности на Златниот брег.