Даниел Стариџ доби забрана за играње фудбал и моментален отказ од Трабзонспор поради обложување


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Челси, Даниел Стариџ доби драконска казна поради тоа што ги прекршил правилата за обложување.

Стариџ не смее да игра фудбал до јуни и треба да плати 150.000 фунти поради тоа што е пронајден како виновен бидејќи се обложувал со големи суми.

За работата да биде уште полоша, Стариџ добил моментален отказ од турскиот клуб Трабзонспор за кој потпиша минатото лето и се обврза на договор од три години, но истиот мораше да биде прекинат по само неколку месеци.