Дарио Ивановски постави нов рекорд за крај на 2025 година


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Дарио Ивановски, ја заокружи годината на импресивен начин настапувајќи на престижната трка „Сан Силвестре Валекана“ во Мадрид. Во силна меѓународна конкуренција, Ивановски постави нов национален рекорд на 10 километри на пат.

Македонскиот репрезентативец ја истрча делницата долга 10 километри за одлични 29 минути, со што го освои 17. место во генералниот пласман.

Овој резултат претставува најбрзо истрчани 10 километри на пат во историјата на македонската атлетика.