Дарко Ѓукиќ е ново засилување на Охрид


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ракометарот од Србија, Дарко Ѓукиќ, е новото име во составот на ракометниот клуб Охрид, со формализиран договор кој ќе го врзе за тимот во претстојните две сезони и ќе ја носи униформата на клубот.

По неколкугодишно искуство на меѓународната сцена, Ѓукиќ повторно е дел од македонскиот ракомет, откако минатата година настапуваше за романскиот тим Динамо Букурешт. Со неговото доаѓање, Охрид добива искусен десен бек со значајно меѓународно искуство и квалитет како репрезентативец.

„Голем поздрав до сите навивачи на Охрид. Среќен сум што ќе бидам дел од овој клуб во следните две години. Ќе дадеме сè од себе на теренот и ќе се бориме за честа на клубот и градот“, порача Ѓукиќ.