Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски пред една недела обезбеди пласман на Олимписките игри (ОИ) кои ќе се одржат летово во Токио.
Денеска беше потврдено дека македонски знаменосец ќе биде Георгиевски, кој е вториот Македонец кој обезбеди олимписка норма, а претходно тоа му успеа на Могамедгаџи Нуров.
„Денеска е ден на Македонското знаме! Почитувани, со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на олимписките игри во Токио“, напиша Дарко Костовски.