Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот тренер на Хадерсфилд, Давид Вагнер не чекаше многу да пронајде нова работа по заминувањето од клубот кој оваа година и официјално испадна од Премиер лигата.
Вагнер кој се смета за еден од најперспективните светски тренери потпиша тригодишен договор со тимот на Шалке 04 кој има сезона за заборав во Бундеслигата.
47 годишниот стратег кој е голем пријател на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп освен во Хадерсфилд работеше и во вториот тим на најлутиот ривал на Шалке 04, Борусија Дортмунд. Вагнер беше тренер на вториот тим на „милионерите“ додека Клоп го предвдеше првиот тим.