Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веднаш по објавувањето на оваа вест, со коментар на социјалните мрежи се јави сега веќе поранешниот селектор на репрезентацијата кој жесотко го нападна новиот претседател на федерацијата, Перо Антиќ.
„Се сеќавам пред околу три години кога ми се јавија од кошаркарската федерација за селектор. Како и секогаш, без калкулации прифатив да помогнам и иако репрезентацијата речиси и да не постоеше почнав да ги собирам играчите и да ја градиме повторно атмосферата за да се обидеме да се вратиме каде што бевме. Беше тешко, за првата кација недостасуваа 7-8 играчиод различни причини, но издржавме се, се комплетиравме и успеавме.
Во тоа време разговарав и со Антиќ, бидејќи се уште беше играч, за да помогне колку што може, а неговиот одговор беше „Јоцо, што се замараш со ОВИЕ (играчи), оди си во Дубаи на плажа и одмарај“..и не помогна ни една секунда. За разлика од него јас продолжив да се занимавам со ОВИЕ и од никаде, чекор по чекор, собир по собир ја градевме атмосферата и стигнавме на чекор до Европско првенство. Стигнавме до првото место во двете претквалификации по ради тоа бевме во третиот шешир…
На играчите им посакувам многу успех и да продолжат каде што застанавме. А на раководството….Господ гледа се и враќа“ –напиша Јорданчо Давитков меѓу другото на својот Фејсбук профил.
Во продолжение ви го пренесуваме целиот статус на Давитков: