„ДАЗН“ прави револуција во Серија А: Фудбал ќе се гледа во 10 термини!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„ДАЗН“ соопшти неодамна дека ги имаат ексклузивните права на преноси за италијанската Серија А. Телевизијата неодамна потврди дека ќе ја продолжи соработката со натпреварувањето до 2024 година.

„Газета дело Спорт“ објави дека „ДАЗН“ ќе внесе големи промени што се однесува до Серија А за да има поголема заработка.

Медиумите пишуваат дека сите натпревари во следната сезона ќе се играат во различни термини. Во едно коло има 10 меча, а „ДАЗН“ сака секој дуел да го пренесува во друг термин.

„ДАЗН“ не сака два натпревари да се играат во исто време затоа што тоа им ја намалува гледаноста, па свесни се дека последните три кола мора да се играат во ист термин и се согласиле на тоа, но сите други мора да бидат во различни термини.

Тоа значи дека ќе има термини во сабота од 14.30, 16.30, 18.30 и 20.45, додека во недела ќе се игра од 12.30, 14.30, 16.30, 20.45, а во понеделник ќе се игра само од 20.45.