До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски продолжува да реди успеси, откако со одлични настапи стигна до златниот медал на Скопје Опен. Тој забележа четири сигурни победи и уште еднаш ја потврди својата класа.
На патот до највисокото место на пиедесталот, Георгиевски најпрво го совлада Абдула Алмагди, а потоа беше подобар и од Иван Шапина и Пашко Божиќ. Во финалето, македонскиот репрезентативец го надмина и противникот од Израел, заокружувајќи го настапот со максимален ефект.
Со овој триумф, Георгиевски уште еднаш докажа дека се наоѓа во врвна форма и останува еден од главните адути на македонското таеквондо на меѓународната сцена.













