Де Брајн го шокираше Сити и најави заминување од клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кевин Де Брајн го шокираше Манчестер Сити најавувајќи дека би можел да си замине од клубот по крајот на оваа сезона.

Белгиецот ќе го стори тоа само доколку казната на УЕФА помине и на Арбитражниот Спортски суд, и на Сити му се потврди двегодишната забрана за настап во Лигата на шампионите.

„Две години без Лига на шампиони се долг период. Една година можеби би можел да поднесам. Имам доверба во мојот клуб, тие велат дека ја кажуваат вистината, а јас им верувам. Ќе почекаме и ќе видиме што ќе се случи. Кога ќе биде донесена конечна одлука, ќе разгледам што ќе правам“- изјави Де Брајн.