Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Белгискиот играч од средниот ред, Кевин де Брујне зборуваше за претстојното Светско клупско првенство, кое сака да го пропушти.
Сега веќе легендарниот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Брујне изјави дека нема да игра за овој клуб на Светското клупско првенство.
Фудбалерот на Граѓаните има сосема разумна причина – постои можност за повреда само неколку недели пред заминувањето од клубот.
Белгиецот на 33 години ќе го напушти Манчестер Сити ова лето по десет години поминати во клубот каде освои дури шест титули шампион на Англија.
Освен англиската Премиер лига освојуваше и Лигата на шампионите, а и веќе споменатото Светско клупско првенство го освои во 2023 година.
Де Брујне има договор до 30 јуни, и под договор би покривал и три натпревари на Светското клупско првенство во САД.
Фото: Принтскрин