Де Брујне ќе се откаже од дресот на Белгија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Франција вчера славеше со 1-0 против Белгија во осминафиналето на Европското првенство (ЕП), а тоа можеби ќе значи и крај на репрезентативната кариера за Кевин Де Брујне.

Де Брујне беше еден од најдобрите фудбалери на ЕП во Германија, а во разговор со медиумите кажа дека не знае дали и во иднина ќе го носи дресот на татковината.

„Сè уште е рано, прво мора да го процесирам поразот. Зад мене е долга сезона, треба да одморам и ќе донесам одлука за мојата иднина“, кажа Де Брујне.

Белгиецот има договор со „граѓаните“ до 2026 година, но постои можност да замине во Саудиска Арабија.