Де Брујне откри: Манчестер сити реши дека треба да заминам!

Фото: Manchester City/FB

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Легендата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, на крајот од сезоната ќе го напушти тој клуб, со што ќе заврши неговата успешна ера на „Етихад“ која започна пред десет години, кога пристигна од Волфсбург.

На одличниот белгиски офанзивен играч за врска му истекува договорот со Сити во јуни и клубот е тој што одлучи да не го задржи.

Уште зимава имаше приказни дека ќе замине, па потоа се појави информацијата дека ќе остане и ќе се помири со тоа да стане играч од втор план, но на крајот сепак одлучи да замине.

„Не добив понуда од Сити, немаше разговори за нов договор последните година дена и јасно е дека клубот донесе одлука која морав да ја прифатам”, изјави Де Брујне и додаде:

„Бев изненаден, бидејќи верувам дека сеуште можам да играм на највисоко ниво. Немам повеќе 25 години, но добро знам што е мојата улога на теренот. Сити така одлучи“, истакна Де Брујне.

Тој со Сити шест пати ја освои Премиер лигата, а во 2023 година ја освои и Лигата на шампионите.

Се шпекулира дека Белгиецот ќе ја продолжи кариерата или во МЛС лигата или во Саудиска Арабија.

Фото: Manchester City/FB