Де Бур поднесе оставка: Јас сум виновен, оставете ги сите на мир!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Холандија беше елиминирана во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) од Чешка со 0-2.

Холандската јавност е разочарана, а селекторот Франк Де Бур поднесе оставка на селекторското место.

„Јас сум виновен, пуштете ги фудбалерите. Јас ќе поднесам оставка“, кажа Де Бур.

Фудбалскиот сојуз на Холандија на почетокот на следната недела треба да ја потврди одлуката на Де Бур, а медиумите пишуваат дека во продолжението на квалификациите Холандија ќе игра со нов селектор.

Де Бур седна на кормилото на Холандија во 2020 година, а претходно ги предводеше Ајакс, Интер, Кристал Палас и Аталанта.