Де Геа без влакна на јазикот призна дека составот на Манчестер Јунајтед не е квалитетен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Давид Де Геа призна дека неконзистентната форма на Манчестер Јунајтед може да се должи затоа што клубот нема доволно квалитетен состав.

Манчестер Јунајтед на „Брамал Лејн“беше на чекор да обезбеди две врзани победи во Премиер лигата, за прв пат оваа сезона, но на крајот мораше да се задоволи само со реми против Шефилд Јунајтед.

 Де Геа истакна дека играчите работат напорно на тренинзите и го даваат максимумот на теренот, меѓутоа посочи дека веројатно недостатокот на квалитет е виновен за пославите резултати на клубот.

„Тимот е тој што е и резултатите се такви какви што се. Даваме се од себе, се трудиме да стигнеме да стигнеме до победите кои ќе не кренат на табелата, но вистината е дека во овој момент ние не сме доволно конзистентни, треба многу да напредуваме. Не мислам дека тоа е поради недостатокот на залагање, момците даваат максимум на тернинзите и натпреварите. Можеби проблемот треба да се побара во недостатокот на квалитет во одредени области, но не и во недостатокот на желба и залагање“ –изјави Де Геа.