Де Хеа: Имаме голем напредок во споредба со минатата сезона!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед славеше против Брајтон по изведување на пенали и избори финале во ФА-купот, каде што ќе се соочи со Манчестер сити.

Шпанскиот голман Давид Де Хеа имаше неколку добри интервенции во регуларниот дел од мечот, по што не успеа да одбрани ниту еден пенал, но и покрај тоа „ѓаволите“ се пласираа во финалето.

„Игравме против многу добра екипа. Брајтон игра одличен фудбал. Финалето е далеку, но ќе биде голем меч за нас. Покажавме дека можеме да ги победиме. Напредувавме многу во споредба со минатата сезона“, кажа Де Хеа.