Де Хеа нема да замине од „Олд Трафорд“ без разлика на киксовите


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа направи голем кикс во дуелот со Вест хем (0-1) и го загрози пласманот во топ-4 на својата екипа.

Тренерот Ерик Тен Хаг застана во негова одбрана, а притоа кажа дека сака да го задржи во екипата без разлика на киксовите.

„Сакаме Де Хеа да потпише нов договор со Манчестер јунајтед, сакаме да го продолжи договорот“, кажа Тен Хаг.

Де Хеа има договор со „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната, а веќе некое време се водат преговори.