Де Хеа по дебаклот на Јунајтед: Јас сум виновен!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Давид Де Хеа имаше кошмарен настап против Брентфорд, кој го декласираше Манчестер јунајтед со убедливи 4-0 во второто коло од англиската Премиерлига.

Шпанскиот голман направи две големи грешки за водство на Брентфорд од 2-0, по што домаќините продолжија да ја полнат неговата мрежа и стигнаа до триумф од 4-0.

Де Хеа по натпреварот собра храброст и призна дека дебаклот е негова вина поради лошите интервенции во неколку ситуации.

„Јас сум виновен за поразот. По првите две грешки беше многу тешко. Мојата прва грешка придонесе натпреварот да тргне во надолна линија. Требаше да играме подобро, а ако не беа моите грешки резултатот сигурно ќе беше поразличен“, вели Де Хеа.