Де Хеа повторно се враќа на „Олд Трафорд“


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Нема дилема каде ќе биде Давид Де Хеа по завршувањето на оваа сезона. 

Фиорентина има опција да го продолжи договорот уште за една година, што и ќе го направи имајќи предвид како шпанскиот голман бранеше оваа сезона. 

Една година паузираше Де Хеа, не бранеше никаде по заминувањето од Манчестер Јунајтед, а Фиорентина е полн погодок. 

Сега е време за неговото враќање на “Олд Трафорд”, но како играч на виолетовите. 

Манчестер Јунајтед договори пријателски натпревар против Фиорентина на 9. август, тоа ќе биде последната проверка за тимот на Рубен Аморим пред почетокот на првенството. 

Фото: Принтскрин