Де Хеа проговори за својата иднина на „Олд Трафорд“ сега кога е притиснат од Дин Хендерсон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Манчестер Јунајтед владее сериозна дилема кој голман да го брани нивниот гол следната сезона.

„Ѓаволите“ во моментов имаат одлични голмани под договор, па така сезонава мрежата ја чуваат Давид Де Геа и Серхио Ромеро. Под договор со Манчестер Јунајтед е и младиот Дин Хендерсон кој е меѓу најдобрите голмани во Премиер лигата, а во моментов настапува за тимот на Шефилд Јунајтед.

Де Геа посочи дека сака уште долги години да го брани голот на „ѓаволите“ со што јасно стави до знаење дека нема лесно да се откаже од голманската позиција.

„Да станувам се постар, па да се биде дел од овој клуб е неверојатно. Замислете, да сте десет години во тим како Манчестер Јунајтед е неверојатно. Одлично е да играш за овој клуб, па јас се надевам дека ќе останам овде уште многу, многу години“ –изјави Давид Де Геа.