Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Давид Де Хеа по 12 години го напушти Манчестер јунајтед како слободен играч, а потоа испрати порака преку социјалните мрежи.
Шпанскиот голман пристигна на „Олд Трафорд“ во 2011 година од Атлетико Мадрид за 25 милиони евра и во изминатите 12 години беше еден од најдобрите во светот.
Конечно дојде време за разделба меѓу шпанскиот чувар на мрежата и премиерлигашот, па така тој реши да се збогува со навивачите.
„Би сакал да изразам благодарност за вашата љубов во последните 12 години. Многу постигнавме заедно, откако Алекс Фергусон ме донесе во тимот“, објави Де Хеа.
Шпанецот одигра 545 меча за „црвените ѓаволи“ и притоа ги освои Премиерлигата, Лига Европа, ФА-купот, Лига Купот и Комјунити Шилд.