Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Ламине Јамал и Осман Дембеле според мислењето на многумина се главните кандидати за освојување на Златната топка. Своето мислење за сето тоа го даде и Луис де ла Фуенте откако Шпанија не успеа синоќа да ја освои Лигата на нации.
Јамал игра неверојатна сезона во која со Барселона успеа да освои три трофеи, но од друга страна и Дембеле се „препороди” во дресот на ПСЖ.
Иако Јамал има само 17 години, тој е најголемата конкуренција на Дембеле во борбата за Златната топка. Многумина веруваат дека на Дембеле му оди во корист освојувањето на Лигата на шампионите, што може да направи разлика, но Јамал сигурно не треба така лесно да се отпише.
Своето мислење околу Златната топка синоќа го откри и Луис де ла Фуенте кого го прашаа дали Јамал ја заслужува оваа награда, а селекторот на Шпанија беше многу јасен.
„Не, Ламине Јамал не е кандидат за Златната топка. Тој е најдобриот играч на светот и направи повеќе отколку што треба за да ја освои таа награда”, порача Де ла Фуенте.
Фото: Принтскрин