Де Ла Фуенте: Сакавме на Крос да му ги врземе нозете, но УЕФА не ни дозволува!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанија ќе се соочи против Германија во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП), а селекторот на „црвената фурија“, Луис де ла Фуенте даде коментар пред натпреварот.

Де Ла Фуенте очекува израмнет натпревар, а притоа имаше коментар за ветеранот кој заминува во пензија по ЕП, Тони Крос.

„Германија е одлична репрезентација. Имаат многу добри индивидуалци. Крос има екстра класа, сакавме да му ги врземе нозете, но УЕФА нема да ни дозволи. Најдобро нешто е да се браниме со подобар напад“, кажа Де Ла Фуенте.