Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија го игра најважниот меч во историјата на 12 ноември против Грузија во финалето на баражот за пласман на Европското првенство следната година, но селекторот Игор Ангеловски би можел да се соочи со проблеми.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не играше против Косово поради позитивен тест на ковид-19, но сега би можел да не настапи ниту против Грузија, а проблеми прави претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.
Де Лаурентис заедно со првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели имаат намера да ги бојкотираат натпреварите на репрезентациите и да не ги пуштат нивните фудбалери на собирите.
Меѓутоа, најверојатно во оваа ситуација последниот збор ќе го имаат ФИФА и УЕФА, односно клубовите не се толку моќни за да ги спречат фудбалерите да играат за нивните репрезентации.