Де Лихт избра број во Јувентус и порача: Не ме убеди Роналдо да дојдам тука!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Холандскиот фудбалер Матијас де Лихт и официјално беше претставен во новиот клуб Јувентус. Фантастичниот дефанзивец летово имаше многу понуди, но на крајот реши да го облече дресот на италијанскиот шампион.

Де Лихт на денешната прес-конференција одговараше на прашања на новинарите, па се присети на ситуации по финалето на Лигата на нации, кога Кристијано Роналдо го прашал дали ќе дојде во Јувентус.

„И пред финалето во Лига на Нации бев сигурен дека сакам да се преселам во Јувентус, но во секој случај тоа беше голем комплимент за мене. Но, тоа не направи некоја разлика. Секогаш сум бил фан на Канаваро и имав симпатии кон Јувентус“, вели Де Лихт.