Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матијас Де Лихт е еден од најпосакуваните фудбалери во светот. Младиот 19-годишен дефанзивец на Ајакс е голема желба на Барселона, ПСЖ и Јувентус, кои веќе со недели се надеваат дека Холанѓанецот ќе потпише за некој од нив.
Де Лихт, наводно, се согласил да се пресели во италијанскиот шампион, кадешто ќе добие петгодишен договор со плата од 7,5 милиони евра по сезона.
Сега на ред е неговиот агент Мино Рајола, кој ќе ја претстави понудата на Јувентус до Ајакс, а таа изнесува меѓу 70-80 милиони евра.
Тоа значи дека се потврдуваат шпекулациите од претходните денови, кога исто така се шпекулираше дека Де Лихт иднината ќе ја продолжи во Јувентус.