Де Лихт со нова глупост му „скина“ два бода на Јувентус


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Матијс Де Лихт повторно направи кикс и му подари пенал на тимот на Лече кој стигна до големо реми против актуелниот шампион на Италија.

Двата тима во натпреварот од 9. коло од Серија А одиграа без победник со по еден постигнат погодок (1:1).

Двата гола беа постигнати од пенал,  најпрво на почетокот на второто полувреме Пауло Дибала беше сигурен егзекутор за Јувентус.

Не многу по водечкиот погодок, Матијс Де Лихт играше со рака во сопствениот шеснаесетник, а главниот судија Валери веднаш досуди пенал, а истиот во гол го претвори Манкос.

Головите и шансите од натпреварот може да ги погледнете на следниот ЛИНК