Де Шиљо го одби Наполи бидејќи сака да стане легенда на Милан

Матија Де Шиљо инаку фантастичен бек ги израдува навивачите на трофејниот италијански гигант.

Имено, во Милан стигна одлична понуда од Наполи вредна 20 милиони евра, а управата на клубот сериозно размислуваше на продавање на младиот бек, но фудбалерот одлучи да остане на Сан Сиро.

Де Шиљо изјави дека нема намера да го напушти Милан, и сака да постане познат како и неговите претходници. Истакна и дека никогаш не би носел дрес од друг италијански тим.

Сезоната во Италија почнува наредниот викенд, а Милан во првото коло ќе игра на Сан Сиро против Торино, чиј тренер е Синиша Михајловиќ кој го водеше Милан минатата сезона.