Дебакл на Македонија: Англија со седум гола нè испрати дома (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиската фудбалска репрезентација ја декласира Македонија со 7-0 во третото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Македонија се бореше само 29 минути, кога почна распадот на фудбалерите. Најпрво Хари Кејн погоди за 1-0, а потоа Букајо Сака зголеми на 2-0, додека до полувреме во листата на стрелци се запиша и Маркус Рашфорд.

Сака со уште два гола ни ја запечати судбината до 51. минута (5-0), додека во продолжение стрелаа и Филипс и Кејн за конечни 7-0 за најголем пораз во историјата на нашата репрезентација.