Деби на Македонија на ЕП: Одмазда или трет пораз против Австрија?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија дебитира на Европското првенство (ЕП) со натпреварот против Австрија, кој се игра денеска од 18 часот во Букурешт.

Австријците ќе бидат големи фаворити во групата, како и против нашата репрезентација, со која досега играат двапати и запишаа две победи.

Ѕвездите како Давид Алаба, Марсел Сабицер, Марко Арнаутовиќ и други ја предводат селекцијата која претходно славеше против нас со 4-1 и 2-1.

На 10 јуни го доживеавме првиот пораз, иако имавме водство од 1-0 во мечот кој го загубивме со 1-4 на крајот.

Австрија беше сигурна и во реваншот, кога славеше со 2-1 во Виена, па затоа и сега ќе ја има фаворитската улога.