Дебито во дресот на Јувентус за Ди Марија можеше да заврши фатално (Видео)


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус во пријателски меч ја совладаа Гвадалахара со 2-0, а своето деби во дресот на калчолигашот го имаше Анхел Ди Марија.

Јувентус успеа да слави против мексиканскиот тим, но Ди Марија нема да го памети дебито по добро затоа што за малку ќе се повредеше.

Ди марија одигра едно полувреме во кое имаше жесток судир со главниот судија на мечот, по што остана да лежи на тревникот.

Меѓутоа, за среќа Ди Марија помина без повреда по судирот, па ќе мора да биде повнимателен во иднина.