Дејан Илиев ќе биде втор голман на мечот против Фулам?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Дејан Илиев најверојатно денеска ќе биде втор голман на Арсенал на отворањето на Премиерлигата, во мечот против Фулам.

Илиев се врати од Јагелонија, каде што беше на позајмица, па ќе биде на клупата на Арсенал бидејќи вториот голман Емилијано Мартинез се наоѓа пред трансфер во Астон вила или Брајтон за сума од 15 милиони фунти.

Засега нема потврда дали 100 проценти голманот од Струмица ќе го добие местото во резервниот тим, но има навистина големи шанси да се оствари такво нешто.

Исто така, ова за Илиев е четврти меч на кој ќе биде дел од тимот, но за првпат во Премиерлигата.