Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Српската легенда Дејан Станковиќ во моментов е без ангажман, откако ја напушти Црвена Звезда, па сега се поврзува со преселба во Сампдорија.
Калчолигашот минува низ тежок период бидејќи се наоѓа на дното на Серија А и го чека тешка битка за опстанок во елитата.
Сампдорија го избрка Марко Џампаоли поради лошите резултати, па раководството на тимот веднаш тргна по негова замена.
Станковиќ и претходно беше тренер во Серија А, кога седеше на кормилото на Удинезе.