„Дејли Мејл“: Ако не го купи Депај, Барселона ќе се засили од Реал Сосиедад


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона во моментов се обидува да го ангажира Мемфис Депај, но засега не се во добра позиција бидејќи со Лион не може да се договорат за висината на сумата на трансферот, па поради тоа каталонскиот клуб има алтернативно решение.

„Дејли Мејл“ пишува дека Барселона алтернативата за Депај ја гледа во фудбалерот на Реал Сосиедад, Вилијам Хозе, кој минатата сезона беше одличен во Ла Лига.

Барселона беше заинтересирана за него во јануарскиот преоден рок, но тогаш не успеа да го ангажира, па сега би можела повторно да тргне по неговиот потпис.

Ниту неговиот трансфер нема да биде „џабе“, туку каталонскиот гигант ќе мора да плати околу 30 милиони евра за потписот на Хозе.