„Дејли Мејл“: Роналдо сакал да го прекине договорот со „црвените ѓаволи“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Британскиот медиум „Дејли Мејл“ објави дека Кристијано Роналдо побарал прекин на договорот со Манчестер јунајтед за да може полесно да си најде нов клуб.

Роналдо сака да игра во Лигата на шампиони (ЛШ) следната сезона, а во моментов Јунајтед не може да му обезбеди такво нешто, па поради тоа Португалецот ги разгледува своите опции за иднината.

Португалецот стигна на преговори во вторникот со управата на „црвените ѓаволи“, а беше присутен и легендарниот Сер Алекс Фергусон, но средбата очигледно не завршила позитвино.

Менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш го понуди Португалецот на неколку тимови, но засега никој не испрати понуда бидејќи не е подготвен да даде пари за трансфер на фудбалерот.