Дејвис го брани Леброн: Тој не игра валкано, сите бевме подготвени да го одбраниме нашиот брат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ентони Дејвис, кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, застана во одбрана на лидерот и тимски колега Леброн Џејмс, кој вчера заработи исклучување, а за малку можеше да добие и ќотек поради тоа што намерно го удри Ајзеа Стјуарт.

Џејмс со неспортски потег го удри Стјуарт и му го раскрвари лицето, а тој не можеше да се смири и сакаше физички да се пресмета со ѕвездата на Лејкерс.

„По слободното фрлање тие се бореа за скок и Стјуарт се соочи со Леброн. Сите знаеја дека Леброн не е валкан, а откако виде што направи, веднаш се извини. Не знам што сакаше Ајзеа да направи, но никој од нас немаше да го трпи и бевме подготвени да го заштитиме нашиот брат“, кажа Дејвис.