Дејвис го предводеше Лејкерс до триумф против Кливленд (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс им се врати на победите, откако славеше на гостувањето кај Кливленд кавалирс со 121-115.

Ентони Дејвис доминираше на паркетот и го предводеше својот тим до победа со 32 поени и 13 скокови, додека Леброн Џејмс постигна 22 поени. На спротивната страна добар настап имаа Мичел со 22 и Ален со 21 поен.

Лос Анџелес Клиперс синоќа славеше против Далас маверикс со 107-88, откако Пол Џорџ постигна 25 поени и девет скокови. Во дресот на Далас најефикасни беа Лука Дончиќ со 30 и Кајри Ирвинг со 26 поени.