Дејвис постигна договор со Лејкерс – ќе биде најплатен во историјата на НБА!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Американскиот кошаркар Ентони Дејвис ќе потпише нов договор со Лос Анџелес Лејкерс на дополнителни три сезони.

Новинарот Адријан Војнаровски објави дека Дејвис ќе стави потпис на тригодишна соработка со Лејкерс, а притоа ќе заработи 186 милиони долари.

Договорот ќе важи од 2025 година, а Дејвис ќе добива по 62 милиони долари годишно и ќе биде најплатен во историјата.

Дејвис игра за Лејкерс од сезоната 2019/20, а минатата сезона во просек постигнуваше по 25,9 поени, 12,5 скокови и 2,6 асистенции.