Деклан Рајс застана пред камерата, па призна каква трагедија доживеал: Овој гол е за неа (Фото)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Арсенал ја продолжи одличната серија во Премиерлигата и вчера на гостувањето го победи Барнли со 2:0 во натпреварот од десеттото коло. По натпреварот во центарот на вниманието беше Деклан Рајс, кој јавно изјави каква семејна трагедија доживеал неодамна.

По натпреварот пред камерите застана токму Рајс, кој доста емотивно го прослави својот гол. Тој ги подигна рацете кон небото и по натпреварот објасни зошто го направил тоа и каква семејна трагедија доживеал неодамна.

Имено, пред неколку недели ненадејно починала неговата тетка со која бил многу блиску и која заедно со неговата мајка во живо ги следела скоро сите негови натпревари, и токму нејзе му го посветил вчерашниот гол.

“Тетка ми почина пред натпреварот против Фулам. Ја сакав бескрајно. Патуваше насекаде со мојата мајка за да ме гледаат. Знам дека денес нѐ гледаше одозгора и овој гол ѝ го посветувам”, рече Рајс.

.