Деклан Рајс одби договор од Вест Хем и најави трансфер во англиски гигант?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Вест хем, Деклан Рајс, кој е голема желба на многу европски гиганти е пред заминување од лондонскиот тим, отккао и третпат по ред одби нов договор.

Англискиот репрезентативец не сака да остане во премиерлигашот, односно планира да направи трансфер во друг гигант затоа што сака нов предизвик.

Овој потег многумина го сметаат како најава за нов трансфер на Рајс, кој е проценет на околу 100 милиони фунти, па се очекува на лето да потпише за Манчестер јунајтед, кој најверојатно ќе остане без Немања Матиќ.